Ilkay Guder
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Светскиот хуманитарен самит на едно место ќе ги донесе претседателите, премиерите, многубројните министри и високи претставници на над 70 земји од светот, заедно со медиумите, меѓународните владини и невладини организации, академските здруженија како и претставници на заедниците погодени од актуелните кризи, кои ќе разговараат за начините и можностите за пружање хуманитарна помош во светот, јавува Anadoly Agency (AA).
Според писменото соопштение добиена од Претседателскиот прес центар, Светскиот хуманитарен самит во организација на ОН, ќе биде одржан во Истанбул, од 23-ти до 24-ти мај.
На овој самит, кој ќе придонесе за поттикнување на хуманитарните акции, се очекува да учествуваат над 6 илјади претставници.
Во рамките на самитот се очекува да бидат остварени голем број тркалезни маси на високо ниво, специјални сесии и придружни настани, како и одделна „Лидерска средба“ на која ќе учествуваат поканетите лидери.
- Претседателот на државата Ердоган ќе оствари билатерални средби -
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, во рамките на самитот, ќе оствари повеќе билатерални средби со лидерите на државите и владите на земјите учеснички, кои ќе пристигнат во Турција.
На 21-ви мај, по повод почетокот на самитот, ќе биде организиран Меѓународен академски форум.
- „Турција е најдарежлива земја-донатор“ -
Во соопштението дадено од прес центарот се наведува дека Турција, според податоците од ОН, Турција е земја со најголем број на прифатилишта и кампови за бегалци во светот. Во изјавата се наведува дека Турција е земја која им дава неизмерна помош на луѓето зафатени со катастрофи од широк спектар како што се вооружени конфликти, природни непогоди, жртви од преносливи болести и слично.
„Ако се земе предвид официјалната стапка на БДП во земјата, Турција претставува најхуманитарна земја во светот. Токму тоа што Турција е развојно ориентирана во обезбедувањето на хуманитарната помош за спречување на хуманитарни кризи, е клучниот фактор за нејзиниот избор како земја домаќин на светскиот Самит. Овој чин претставува еден вид на благодарност на меѓународната заедница за успешното водење ефективна и хуманитарна дипломатија од страна на нашата земја“, се наведува во соопштението.