Ahmet Bayram
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ИЗМИР (АА) - Турските тимови на крајбрежната стража во Егејското Море фатија 42 мигранти кои се обиделе нелегално да преминат до грчките острови, јавува Anadolu Agency (AA).
Двата тима во морето во западна Турција забележаа група на мигранти кои со гумен чамец сакале да одат на грчкиот остров Лезбос.
Мигрантите, меѓу кои и жени и деца, се по потекло од Еритреја и Сирија.
Биле транспортирани до пристаништето Дикили, каде што ќе бидат доставени до Канцеларијата за странци во Измир за понатамошна обработка.