Sinan Uslu
20 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган го прими турскиот премиер Ахмет Давутоглу, на кого ова му е најверојатно последна средба во својство на премиер на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на Ердоган и Давутоглу во Претседателската палата во Анкара беше затворена за медиуми, а според претходните известувања од претседателскиот кабинет, се разговараше за деталите на процедурите и датумот за примопредавање на функцијата на Давутоглу.
По седницата на Управниот одбор на владеачката Партија на правдата и развојот (АК Парти), претседателот на таа политичка опција и турскиот премиер Давутоглу на 5 мај најави одржување на вонреден конгрес на партијата во недела, на 22 мај 2016 година и додаде дека нема да биде кандидат за реизбор на позицијата на претседател на партијата.
На конференцијата за новинарите на која зборуваше за остварените резултати во изминатиот период, Давутоглу порача дека турската влада своите задачи ќе ги обавува без престанување без оглед на престоечката одлука. Исто така порача дека со целата своја сила, ќе ја продолжи својата политичка мисија и борбата во редовите на АК Партија, како и дека ќе продолжи со обавување на должноста пратеник во парламентот.
Партискиот управен одбор исто така денес се состана во Анкара и за кандидат за наследник на Давутоглу на чело на АК Партија го номинираше актуелниот турски министер за транспорт, поморство и комуникации Бинали Јилдирим.