Hüseyin Bağış
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската населба Бахчеливлер се сруши седумкатница од која претходно беа евакуирани станарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Зградата беше навалена поради што постоеше можност да се сруши.
Поради тоа и зградите околу неа беа испразнети, а во околината се преземаат мерки за безбедност.
Набргу пропратено со голема бучава зградата се урна. Под урнатините останаа затрупани работните машини на градежниците.
Благодарение на навремената евакуација на станарите, нема смртни случаи ниту повреди.