Ekipa
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Вкупно 1.787 килограми хашиш беа запленети вчера, во акција на безбедносните сили во југоисточната турска област Дијарбакир, се соопштува од канцеларијата на гувернерот денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Операцијата за борба против дрогата започна во областа Коџакој, со цел да се спречи финансирањето на тероризмот“, се вели во соопштението.
Жандармеријата на Коџакој, командната жандармерија на подрачјето и поделените тимови за борба против организираниот криминал пронашле хашиш во прав скриен во три метални буриња во населените места Ѓокчен, Ѓозебаши и Тепеџик. Едно осомничено лице исто така било уапсено во операцијата.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили ги загубија своите животи откако ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата децениска оружена кампања во јули 2015 година. Исто така, меѓу загинатите има и цивили, меѓу кои жени и деца.