Ferdi Türkten
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес упати пораки на сочувство и поддршка до рускиот претседател Владимир Путин, по повод терористичкиот напад во Санкт Петербург во кој 14 лица го загубија животот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го осудуваме овој ужасен напад. Сакам да Ви порачам дека Турција, која со години се бори против тероризмот, е со Русија во ова време по тешкиот предавнички терористички напад. Во свое лично име и во името на турскиот народ и државата, упатувам изрази на најискрено сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам што побрзо закрепнување“, се вели во пораката на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција.