Diyar Güldoğan
25 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Туркије ќе продолжи со антитерористичките операции сѐ додека нејзината јужна граница не биде безбедна, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Уште еднаш му изјавувам на целиот свет дека нашата борба нема да заврши додека не ги обезбедиме нашите јужни граници со коридор длабок 30 километри“, рече Ердоган на церемонијата по повод 951-годишнината од победата на Малазгирт во источната провинција Битлис.
Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи со операциите според безбедносните приоритети на земјата.
Тој додаде дека Турција не гледа со аспирации на територијата на ниту една земја.