Diyar Güldoğan
17 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Најмалку 23 терористи на ПКК се убиени во анти-терористичките операции кои се во тек во југоисточната турска покраина Ширнак во изминативе 48 часа, изјави денес официјално лице за безбедност, јавува Anadolu Agency (АА).
Официјалното лице, сакајќи да остане анонимно, за Anadolu Agency кажа дека безбедносните сили убиле 22 терористи на ПКК во населените места Чизре и Силопи.
Гувернерот на Ширнак, Али Ихсан Су за Аnadolu Agency изјави дека операциите се одвивале во две населени места во провинцијата Ширнак.
„Полицискиот час ќе продолжи поради безбедноста по живот и имотите на нашите граѓани“, рече Су.
Су најави нов полициски час во Чирзе и Силопи во Понеделник. Многу граѓани ги напуштија населените места пред настапување на полицискиот час.
ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања кон крајот на месец јули. Оттогаш, загинаа над 200 членови на безбедносните сили а околу 1.700 терористи на ПКК беа убиени.