Турција

Ердоган: „Турција нема да биде ничиј двор“

„На оние кои се обидоа нашата земја да ја претворат во сопствен двор, како нација им дадовме соодветен одговор во Галиполската војска, Војната на независност и обидот за државен удар на 15 јули 2016 година“, изјави Ердоган.

Seyit Ahmet Aytaç  | 17.11.2018 - Обновена : 18.11.2018
Ердоган: „Турција нема да биде ничиј двор“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес порача дека Турција нема да биде ничиј двор, јавува Anadolu Agency (AA).

„На оние кои се обидоа нашата земја да ја претворат во сопствен двор, како нација им дадовме соодветен одговор во Галиполската војска, Војната на независност и обидот за државен удар на 15 јули 2016 година“, изјави Ердоган за време на церемонијата на отворање на Националните градини во Башакшекир, Истанбул, осврнувајќи се на одлучувачките историски воени кампањи и неуспешниот пуч во кој загинаа 251 лице.

„Една од обврските во нашата 100-дневна програма е исполнета денес со отворањето на овие Национални градини, а другите ќе бидат завршени една по една“, додаде Ердоган.

Претседателот Ердоган упати критики на сметка на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) во врска со нејзините ставови за значајните турски инфраструктурни проекти, меѓу кои е и истанбулскиот канал.

„Ние велиме дека ќе го изградиме Истанбулскиот канал, тие велат ’Не го сакаме‘, ’Не го градете‘. Ќе го изградиме, без разлика дали вие го сакате тоа или не“, изјави турскиот претседател.

Наредната година Турција планира да започне со изградба на Истанбулскиот канал, кој претставува еден од најголемите проекти на земјата. Каналот ќе биде паралелен на Босфорот и ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море.

Пловниот канал долг 45 километри, кој ќе биде изграден во истанбулскиот коридор Кучукчекмеџе - Сазлидере - Дурусу, ќе има капацитет од 160 брода на ден, и би требало да биде завршен до 2023 година, а ќе чини приближно 15 милијарди долари. Проектот ќе се гради преку моделот за финансирање „изгради-управувај-предај“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.