Esra Tekin
21 Април 2024•Ажурирај: 22 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера на состанокот со лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, ја истакна потребата да се спречи последните тензии меѓу Израел и Иран да бидат од корист за Тел Авив и наместо тоа, фокусот да се задржи врз Палестинците во Појасот Газа, известува Анадолу.
„Проценувајќи ги тензиите меѓу Израел и Иран, претседателот Ердоган ја истакна потребата да се спречат актуелните настани да го зајакнат Израел, нагласувајќи ја важноста од повторно фокусирање на вниманието кон Газа“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.
Во Истанбул, Ердоган и Ханије разговараа за повеќемесечната континуирана офанзива на Израел на палестинските територии, особено на Појасот Газа, се вели во соопштението.
Претседателот Ердоган рекол дека Израел на крајот и неизбежно ќе ја плати цената за угнетувањето на Палестинците и додал дека Туркие ќе продолжи да ги разоткрива израелските масакри во Газа на сите платформи.
Турскиот претседател додал дека сите напори на Туркије се посветени на формирање независна палестинска држава, нарекувајќи го тоа за клуч за траен мир во регионот.
„Претседателот Ердоган на средбата рече дека Туркије продолжува со хуманитарната помош за Палестина за да ги олесни нејзините страдања“, соопшти Дирекцијата.
„Тој истакна дека досега (од октомври минатата година) повеќе од 45.000 тони хуманитарна помош се испратени во регионот, а голем број санкции, вклучително и трговски ограничувања, се спроведени кон Израел“, се додава во соопштението.
Ердоган рекол дека Анкара продолжува со дипломатските напори за да го привлече вниманието на меѓународната заедница на угнетувањето со кое се соочуваат Палестинците.
Турскиот претседател ја истакна итната потреба од моментален и траен прекин на огнот за да се стави крај на насилството.
Наведувајќи дека најсилниот одговор и пат до победата против Израел е единството и солидарноста, Ердоган истакна дека од витална важност е единството меѓу Палестинците за време на овој процес.
Претседателот Ердоган ја истакна и потребата за понатамошно објаснување на праведната цел на Палестина и разоткривањето на Израел „кој работи на тоа да ја доведе во заблуда меѓународната јавност“.