Andaç Hongur
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Либан Мишел Аун, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот за комуникации на турскиот претседател соопштено е дека Ердоган изразил сочувство по повод страдањето на луѓето во експлозијата во Бејрут, а на повредените им посака брзо опоравување.
Ердоган рече дека Турција е со Либан и дека се спремни на хуманитарна поддршка за Либан на сите полиња, првенствено на здравственото поле.
Во експлозијата во пристаништето Бејрут, во Бибан, загинаа 63 лица.
Министерот за здравство на Либан Хамад Хасан соопшти дека бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут е зголемен на 63, а дека се повредени повеќе од 3.000.