Турција

Истрага против ФЕТО во Турција: Издаден налог за приведување 27 лица

Акциите на приведување се во тек, а ги спроведуваат припадниците на одделот на турската полиција за борба против организиран криминал во 14 турски градови

Ömer Yıldız  | 05.08.2020 - Обновена : 06.08.2020
Истрага против ФЕТО во Турција: Издаден налог за приведување 27 лица

АДАНА

Во рамките на истрагата за борба против терористичката организација ФЕТО, Обвинителството во Адана издаде налог за приведување 27 воени лица, меѓу кои 12 активни војници и седам суспендирани од службата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Обвинителството се наведува дека станува збор за лица за кои е утврдено дека преку шифрирани телефони имаа комуникација со припадниците на терористичката организација ФЕТО.

Обвинителството изадде налог за приведување на намлаку 27 лица, меѓу кои 12 активни војници и седум суспендирани од службата и тројца поранешни ученици во воената академија кои се отстранети од школување.

Акциите на приведување се во тек, а ги спроведуваат припадниците на одделот на турската полиција за борба против организиран криминал и тоа во градовите Адана, Истанбул, Анкара, Анталија, Месин, Хаккари, Дијарбакир, Шанлиурфа, Сивас, Коџаели, Бурса, Кајсери, Коња и Измир.

Неколку лица веќе се уапсени, а тие по лекарската контрола се проследеи во полиција поради продолжување на криминалистичката обработка.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално го побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın