Zafer Fatih Beyaz
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
АНКАРА (АА) - Претседателите на Турција и на Соединетите Американски Држави, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, во текот на денешниот разговор ја истакнаа потребата од зголемување на обемот на трговската размена помеѓу двете земји на 75 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор ја разгледаа ситуацијата во Сирија и укажаа на важноста од продолжување на соработката во борбата против тероризмот.
Турскиот и американскиот претседател разговараа и за системот за противвоздушна одбрана S-400, кој Турција го купува од Руската Федерација.
Ердоган и Трамп ја разгледаа и можноста за формирање на меѓудржавна работна група во врска со ова прашање.