Beyza Binnur Dönmez
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот суд денес притвори 137 од вкупно 153 осомничени лица како дел од истрагата за инфилтрацијата на терористичката организација ФЕТО во турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Војниците на должност се задржани во притвор поради членување во терористичката организација“, велат судски извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Додека 16 осомничени лица се ослободени под судска контрола, полициската истрага за 26 осомничени во бегство е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.