Турција

Ердоган на Самитот на ОИС: Муслиманите сами мора да се изборат за своите права

Ердоган во обраќањето на отворањето на вонредниот Самит на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, на кој е разговарано за последните случувања во Газа, порча дека Палестинците не се осамени во својата борба.

Burcu Arik  | 18.05.2018 - Обновена : 19.05.2018
Ердоган на Самитот на ОИС: Муслиманите сами мора да се изборат за своите права

Ankara

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на отворањето на Самитот на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, на кој е разговарано за последните случувања во Газа, порача дека Палестинците не се осамени во својата борба, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние денеска, од тука, на оние кои нашиот регион сакаат да го гушат во крв и солзи им порачуваме дека е доста. Од овој собир порачуваме дека нашите палестински браќа не се осамени. Сите нека знаат дека прашањето на Ерусалим е прашање на сите муслимани", рече Ердоган.

Истакна дека прашањето на Газа повторно ќе биде изнесено пред Генералното собрание на Обединетите нации.

„За жал секој чекор кој е презеден во Советот за безбедност на ОН во име на правдата, наиде на вето на американската администрација. Прашањето повторно ќе го изнесеме пред Генералното собрание на Обединетите нации. Се надевам дека тука ќе добиеме поддршка од сите земји и сите кои имаат совест", рече Ердоган.

Додаде дека е многу важно да им се пружи поддршка на Палестинците во нивната борба на патот до правдата.

„Да направите денеска нешто за Палестинците над кои израелските злосторници вршат убиства, значи да му покажете на светот дека хуманоста се уште не е умрела", рече турскиот претседател, додавајќи дека она што Израел го прави може да се нарече државен тероризам.

„Отворено зборувам. Ова што го прави Израел е разбојништво, дивеење, државен терор. Израел мора да даде отчет пред меѓународното правосудство за убиство на невини луѓе", рече Ердоган.

Нагласи и дека муслиманите сами мора да се изборат за своите права.

„Сите знаеме дека осудите, лутењето, повиците, нема да ја запрат окупацијата и насилството како што не ги запреа ниту до сега. На муслиманите никој нема да им ги понуди нивните права на злaтен послужавник. Муслиманите сами мора да се изборат за своите права", рече Ердоган.

Самитот во Истанбул е организиран поради израелските напади на Палестинците во текот на мирните протести кои Палестинците ги организираат по повод 70. годишнината од Накба, односно масовниот прогон на тој народ.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделник на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и американското преселување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).

Израелските безбедносни сили со употреба на силата и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и во вторник. Усмртени се 62 Палестинци, а ранети се најмалку 3.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın