свет

Министерството за здравство: Уште 51 Палестинец убиени во Газа за време на израелските напади

„Израелските окупациски сили извршија пет масакри врз семејства во Појасот Газа, убивајќи 51 Палестинец и повредувајќи 75 во текот на изминатите 24 часа“, соопшти министерството за здравство на палестинската енклава.

Ikrame Imane Kouachi  | 26.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
Министерството за здравство: Уште 51 Палестинец убиени во Газа за време на израелските напади

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 51 Палестинец загинаа, а 75 други се повредени во последните 24 часа, додека Израел продолжува со нападот врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на таа територија, јавува Анадолу.

„Израелските окупациски сили извршија пет масакри врз семејства во Појасот Газа, убивајќи 51 Палестинец и повредувајќи 75 во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштрението.

Почитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел го продолжува нападот врз Појасот Газа, каде што најмалку 34.356 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а 77.368 се повредени од 7 октомври, според палестинските здравствени власти.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın