свет

САД повторно од воздух доставија хуманитарна помош во Газа

- ЦЕНТКОМ објави дека со цел задоволување на основните потреби на цивилите во Газа е преземена акција за доставување хуманитарна помош со воени авиони од типот „Ц-130“.

Sercan İrkin  | 26.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
САД повторно од воздух доставија хуманитарна помош во Газа

ЊУЈОРК (АА) - Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека доставила хуманитарна помош што е доволна за повеќе од 25 илјади оброци на северот на Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека со цел задоволување на основните потреби на цивилите во Газа е преземена акција за доставување хуманитарна помош со воени авиони од типот „Ц-130“.

За време на акцијата од воздух беше доставена храна за повеќе од 25 илјади оброци.

Во соопштението се наведува дека Соединетите Американски Држави (САД) досега испорачале 1.082 тони хуманитарна помош.

Исто така, се наведува дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош од воздух.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш во енклавата се убиени повеќе од 34.300 Палестинци.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın