Hasan Esen
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Иако 2016 година започна добро, од аспект на односите Турција – ЕУ, по случувањата по обидот за државен удар и борбата на Турција против тероризмот, годината завршува со дискусии околу привремен прекин на преговорите, јавува Anadolu Agency (AA).
Годината што изминува, 2016 започна со активностите на ЕУ за изнаоѓање решение за бегалската криза, која за неа претставува најголем проблем.
ЕУ покажа дека има потреба од помошта на Анкара, по што фокусот беше ставен во насока на заедничка соработка и спроведување на одлуките донесени на 29. ноември 2015, на Самитот Турција – ЕУ, и оние од Состанокот на државите истомисленици на 16. декември.
На состаноците се отворија поглавја за заживување на односите меѓу Турција и ЕУ и беше одлучено Турција да помогне во наоѓањето на решение за бегалската криза.