Sibel Uğurlu
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ВАН (АА) - Повеќе од 360 нелегални мигранти се фатени во Турција, изјавија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу мигрантите, 33 авганистански државјани се фатени во турската областа Ван, од кои, 8 се деца.
Во областа Измир, 13 палестински државјани се фатени во подрачјето на Чешме, додека 59 сириски државјани, при обид да заминат кон Грција, фатени се во подрачјето на Дикили.
Во подрачјето на Дидим, во областа Ајдин, 47 нелегални мигранти фатени се заедно со шестмина криумчари, вклучувајќи и ирачки државјанин.
Во северозападната турска област Едрене, пограничните единици фатија 211 нелегални мигранти во текот на патролирањето во подрачјето на Боснакој, Ипсала, Кешан и Мерич.
Мигрантите се државјани на Мароко, Еритреја, Сирија, Пакистан и Авганистан.
Турција е главната маршрута за бегалците кои се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година, од почетокот на граѓанската војна во Сирија.