Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Со истрагата, во чии рамки пред три дена е уапсен поранешниот шеф на полицискиот Оддел за разузнавање во Анкара, Зеки Ѓувен, а кој спаѓаше во редот на таканаречените „златни момчиња“ на терористичката организација ФЕТО, утврдени се нови детали и откриени се неговите контакти со оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската полиција во вторникот, на 22 мај, изврши успешна операција во градот Ескишехир и го приведе брачниот пар Ѓувен, кој беше дел од највисоките структури на терористичката организација ФЕТО, инфилтрирани во безбедносните и правосудните институции на Турција.
Поранешниот шеф на Одделот за разузнавање во Анкара, Зеки Ѓувен, спаѓал во редот на таканаречените „златни момчиња“ на ФЕТО, а неговата сопруга Севда Ѓувен е поранешна судијка.
По апсењето на Ѓувен, полицијата детално го истражи и неговиот мобилен телефон, на кој е пронајден и БајЛок (ByLock), систем на шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО. Утврдено е дека Ѓувен како шифра за влез во апликацијата БајЛок ги користел последните две бројки од годините на раѓање на сопругата и детето.
Исто така, утврдено е дека Ѓувен кај другите припадници на терористичката организација ФЕТО на БајЛок бил познат и по имињата „Билге“, З.Г. и „Зеки Аби“. Се претпоставува дека Ѓувен во ФЕТО го користел кодното име „Билге“.
Во досегашниот дел на истрагата откриени се десетици лица со кои Ѓувен остварил контакт преку апликацијата БајЛок, а се работи претежно за инфилтрираните припадници на ФЕТО во Одделот за разузнавање при турската полиција. Некои од нив се веќе уапсени поради поврзаност со ФЕТО.
Ѓувен се товари за „кривично дело основање и управување со терористичка организација“, но и за други кривични дела.