Muhammed Enes Can,Murat Kaya
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското обвинителство издаде налог за апсење на најмалку 45 припадници на Вооружените сили на Република Турција (ТСК) поради употребата на системот за комуникација „БајЛок“, кој служеше како таен канал за комуникација меѓу членовите на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во државните и во јавните институции на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за тероризам и организиран криминал во обвинителството во Истанбул ја започна втората акција за апсење на членови на ТСК за кои е утврдено дека користеле „БајЛок“.
Налогот за апсење е издаден за припадници на турската морнарица, а меѓу нив се еден потполковник на Генералштабот, полковник, 10 мајори на Генералштабот, четворица мајори, шестмина капетани, седуммина натпоручници, еден поручник и 15 подофицери.
Во неколку турски градови веќе започна истовременото апсење, а од 45 турски војници, уапсени се седуммина.
Инаку, станува збор за втора акција за апсење припадници на турската армија кои користеле тајни средства за комуникација како што е „Бајлок“. Во текот на првата акција беше издаден налог за апсење на 530 војници, од кои беа уапсени 320.
„БајЛок“ е систем со шифрирана комуникација, користен од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО, која е водена од страна на Фетула Ѓулен, одговорниот за крвавиот неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули оваа година. Преку овој канал на комуникација, раководството на ФЕТО им испраќало наредби на своите членови за терористички активности, со што оваа организација го поткопувала системот во Турција.