Ahmet Sait Akçay
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот суд денес приведе 32 полициски службеници кои ги чека судење за членството во терористичката организација, вели официјално лице од судството, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие лица се меѓу 36-те полициски службеници од Истанбул кои беа приведени на почетокот од оваа недела како дел од истрагата за користење на апликацијата ‘БајЛок’ за испраќање пораки“, вели официјално лица кое зборуваше под услов на анонимност. Останатите четири лица се ослободени под судски надзор.
Се смета дека апликацијата „БајЛок“ е користена само од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО, која се товари дека стои зад обидот за државен удар.
Апликацијата е пробиена од страна на турските безбедносни агенции, пред државниот удар, што ги натера пучистите да се префрлат на користење на апликацијата за пораки WhatsApp, но не пред да бидат идентификувани десетици илјади припадници на ФЕТО.
Предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД, терористичката организација ФЕТО се товари за организирање на заговорот за државен удар, како и дека води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.