Meiramgul Kussainova
30 Јули 2021•Ажурирај: 31 Јули 2021
КИЕВ (АА) - Украина испрати два авиони од типот AН-32 П и специјална екипа за поддршка за Турција во борбата за гаснење на шумските пожари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на украинската Итна државна служба, два противпожарни авиони на оваа служба денеска тргнале за Турција.
„Украина, заедно со два противпожарни авиони од типот AН-32 П, испрати и екипа за поддршка, со цел помагање на турските пожарникари“, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека оваа поддршка е обезбедена во рамки на Меморандумот за разбирање постигнат во февруари во 2020 година помеѓу украинската Итна државна служба и Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) во врска со соработката во областа на катастрофи.
Во соопштението се наведува дека екипата испратена во Турција е искусна екипа во планински зони која учествувала во активности за гаснење на пожари во Црна Гора, Израел и Грузија.