Ahmet Sertan Usul
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА
Последните 24 часа во Турција детектирани се 1.374 лица позитивни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а животот го загубија 18 лица. Со последните податоци, досега во оваа земја се детектирани 198.613 лица позитивни на коронавирусот, додека 5.115 ги загубија животите како последица на заразеност со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција и објавата на Министерот за здравство Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер, денес во Турција се спроведени 51.014 тестирања на коронавирус, од кои 1.375 лица биле позитивни. Во последните 24 часа 18 лица ги загубија животите, а 1.214 оздравеа.
Досега во Турција се извршени вкупно 3.331.158 тестирања на Ковид-19, детектирани се 198.613 лица позитивни на коронавирусот, а 5.115 лица ги загубија животите од заразеност со коронавирусот.
На одделенијата за интензивна нега во Турција се наоѓаат 1.018 пациенти, а на респираторни апарати се поврзани 375 заразени со Ковид-19. Вкупниот број на лица кои оздрвеа од заразеност со коронавирусот изнесува 171.809.
- „Не сме внимателни во мерките“
Министерот Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави „Во однос на вчера, денес имале 18 лица повеќе позитивни на коронавирусот, додека во однос на бројката на оздравени, денес имаме раст од 160. Бројката на новохоспитализирани е во рамнотежа со оздрвените пациенти. Зголемувањето на бројката на пацинети во одделенијата за интензивна нега е на вообичаено ниво. Народот очигледно не е доволно одлучен во намалувањето на бројката на заразани, бидејќи не сме внимателни во мерките.“