Турција

Турција спаси 24 нелегални мигранти вратени од грчката крајбежна стража

- Турската крајбрежна стража спаси 24 нелегални мигранти кои се наоѓале на сплавовите за спасување во близина на Дикили, градот во областа Измир

Halil Fidan  | 29.06.2020 - Обновена : 30.06.2020
Турција спаси 24 нелегални мигранти вратени од грчката крајбежна стража Фото: Турска крајбрежна стража / АА

ИЗМИР 

Турската крајбрежна стража спаси 24 нелегални мигранти кои се наоѓале на сплавовите за спасување во близина на Дикили, градот во областа Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Турската крајбрежна стража се наведува дека мигрантите се наоѓале на два сплавови за спасување.

Станува збор за мигранти кои грчката крајбежна стража ги принудила да се вратат во турските територијални води.

Оваа група на нелегални мигранти по нелегален пат се обидела да премине во Грција, но припадниците на грчката крајбрежна стража ги забележале и ги принудиле да се вратат во турските територијални води. Во групата се наоѓале вкупно 24 нелегални мигранти.

Турската крајбрежна стража спаси група мигранти откако добиле повик дека мигрантите се наоѓаат во близина на Дикили.

Турција е една од главните рути за мигранти и баратели на азил кои сакаат да преминат во Европа, особено по граѓанската војна во Сирија која започна во 2011 година. Во Турција во моментов се наоѓаат речиси четири милиони Сиријци, повеќе отколку во било која друга држава во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.