Jeyhun Aliyev,Faruk Zorlu,Erdoğan Çağatay Zontur
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
АНКАРА
Турција е во многу цврст закрепнувачки период врз основа на прелиминарните податоци за економијата овој месец, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Индексот на економска доверба во Турција нагло се зголеми на 73,5 во јуни, објави денес статистичкиот орган на земјата, додавајќи дека бројката се зголемила за 19,1 отсто од 61,7 минатиот месец, откако Турција ги попушти мерките за ограничувањата поврзани со коронавирусот.
„Растот на Турција од 4,5 од отсто во првиот квартал е најголемиот доказ за моќта и потенцијалот на економијата“, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган по состанокот на кабинетот во претседателскиот комплекс во Анкара, главниот град на Турција.
Тој нагласи дека Турција ќе стане една од земјите во светот која ќе се преобликува по пандемијата на Ковид-19.
Ердоган исто така истакна дека Турција се стреми да го искорени вирусот.
„Посветени сме да ja оддалечиме нашата земја од ризичната група“, изјави тој.
Во врска со мерките за помош во заштитата на јавноста од појава на вирусот, Ердоган исто така објави дека владата ќе ги продолжи бенефитите за скратено работно време за уште еден месец, додавајќи дека поддршката за плаќање во готовина ќе продолжи и за уште еден месец.
„Нашата единствена желба од јавноста во овој процес е тие да нè поддржуваат со следење на правилата, да се грижат за своите работни места, производството и да ја заштитат својата земја“, рече Ердоган.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот тип ана коронавирус се рашири во најмалку 188 земји и региони во светот. САД, Бразил и Русија во моментов се најпогодени земји од вирусот во светот.
Пандемијата зеде над 501.000 животи во светот, повеќе од 10,14 милиони луѓе се позитивни на коронавирусот, а над 5,14 милиони оздравеа, се податоци што ги објави американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.