Bilal Acar
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија од последиците на Ковид-19 починаа 43.575 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починале 25 лица, со што вкупниот број на починати од оваа болест во Велика Британија е зголемен на 43.575.
Бројот на заразени е зголемен за 815 и изнесува 311.965.
Во последните 24 часа е извршено 93.881 тестирање и вкупниот број на тестирања, вклучувајќи и повторни тестирања е зголемен на 9.290.215.
Велика Британија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19 а трета во светот, по САД и Бразил.
Од 13 мај започна ублажувањето на мерките воведени на 23 март, во рамките на кои се укинати ограничувањата во врска со движењето заради занимавање со спорт, а дозволена е и работа во областите на градежништво и производство, односно оние гранки во кои не е возможна работа од дома.
Во втората фаза, односно од 1 јуни, своите врати ги отворија училиштата и професионалните спортски терени, а од 15 јуни продавниците во малопродажба.
Третата фаза би требало да започне на 4 јули, а во рамките на неа е планирано со работа да започнат рестораните, баровите, хотелите, фризерските салони, кино салите, богосложбите, музеи, библиотеки и галерија.