Dmitri Chirciu
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
МОСКВА
Официјална Москва соопшти дека руските борбени авиони пресретнале два американски авиони над Црното море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од рускиот центар за управување со одбраната е соопштено дека Boeing P-8A Poseidon и извидувачкиот авион RC-135 летале над меѓународните води во Црното море.
Се додава дека руските авиони Su-27 полетале за да ги пресретнат американските летала.
„Руските граници не се повредени. Авионите на САД без прекин се следени. Руските авиони го користеле воздушниот простор строго според меѓународните правила, без кршења на границите на другите држави“, се наведува во соопштението на руската страна.
Во текот на претходните години исто така се случувало руските борбени авиони над Црното море да пресретнат извидувачки авиони на американската морнарица, а блиските средби завршувале без инциденти.