Faruk Zorlu
25 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турската Армија неутрализираше двајца терористи во воздушните напади во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е соопштено дека терористите биле неутрализирани во рамките на турската тековна антитерористичка операција „Канџа“.
Во воздушните напади, исто така, се уништени мунициски депоа и засолништа.
Турција на 27 мај ја започна операцијата „Канџа“ против ПКК во регионот Хакурк, во северен Ирак. Во тековната офанзива досега се неутрализирани 58 терористи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.