Burak Bir,Erdoğan Çağatay Zontur
13 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку седум цивили загинаа, а девет се повредени во терористички напад на ПКК во Дијарбакир, на југоисточниот дел на Турција, изјави утринава турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Седум наши браќа настрадаа во експлозија на импровизирана експлозивна направа, додека се превезувале во возило. Десет лица беа повредени, но едно од нив веднаш по укажаната помош е отпуштено од болница“, изјави Сојлу по посетата на болницата во Дијарбакир.
Тој истакна дека две лица кои се на лекување во болницата „Салахадин Ејуби“ се животно загрозени.
Терористичкиот напад е извршен вчера во местото Кулп околу 18 часот по локално време.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.