Serdar Açıl,Cankut Taşdan
13 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските полициски сили приведоа најмалку 83 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, а станува збор за лица за кои има сомнеж дека се вклучени во нелегални активности околу крадење на прашања и местење на испити за прием во јавна служба во 2012 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што и претходно, со истрагата на турското Обвинителство во повеќе наврати е утврдено, членовите на ФЕТО со години, со местење на испити напредувале во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата.
Обвинителството во Анкара покрена истрага во врска со крадењето на прашањата и местењето на испитите за прием во служба на гувернери на покраинските области. Во рамките на споменатата истрага е издаден налог за приведување на најмалку 165 лица во 45 градови.
Од Обвинителството во Анкара утринава е потврдено дека се покренати истовремени апсења, а досега се приведени најмалку 83 лица. Нагласено е дека се продолжуваат акциите на приведување на осомничените кои се во бегство.
Според информациите кои ги доби АА од полициски извори, голем број членови на ФЕТО за време на сослушувањето признале дека за време на престојот во т.н. „ФЕТО куќи“ ги добиле прашањата порано, и дека тие се согласувале со прашањата на испитот.
Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Претходно, првин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.