Handan Kazancı
28 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2019", меѓународното натпреварување во фотогрфија кое Anadolu Agency (AA) ќе го организира по пети пат, се уште е во тек, соопштија денес организаторите.
Пријавувањето може да се изврши преку страницата "http://istanbulphotoawards.com" до 31 јануари 2019 година.
Фокусот на натпреварувањето е во категориите „вести" и „спорт" а пријави ќе се примаат во категориите „поединечни вести", „сериски вести", „поединечен спорт" и „тимски спортови".
Репортер чија фотографија ќе биде прогласена за „фотографија на годината" ќе добие награда од 8.000 долари. Победници во останатите категории ќе добијат по 5.000, второпласираниот 3.000, а третопласираниот 1.500 долари.
Istanbul Photo Awards е престижно меѓународно натпреварување кое го организира AA, а чиј главни спонзори се Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), Градот Истанбул и Туркиш Ерлајнс.
До сега пристигнале 2000 апликации од 70 земји.
Секоја година жирито во март се состнува во Турција за да ги избере најдобрите фотографии. Кон крајот на месецот ќе бидат прогласени победниците. Веќе четири години професионалните фоторепортери и фотографи од целиот свет покажуваат голем интерес за ова натпреварување.
- Изложба во Обединетите нации
Изложба на наградените фотографии на натпреварувањето од оваа година беше отворена во њујоршкото седиште во Обединетите нации.
На Istanbul Photo Awards завршено во 2018 година се натпреваруваа околу 37.000 фотографии од 125 држави, а награди добија 27 фоторепортери од 22 земји.
Босанскохерцеговскиот фоторепортер Дамир Шогољ победи во главната категорија на фотографија на годината со емотивна фотографија на дете Рохинџа од Бангладеш. Кевин Фрајер од Канада победи во категоријата „вести", а и тој исто тагка ги фотографираше Рохинџа бегалците.
Сите победнички фотографии се претставени на изложбата, а достапни се и на официјалната интернет страница www.istanbulphotoawards.com.
- Објавен каталог на побединчките фотографии од 2018
Каталог од победнички фотографии од 2018 година е објавен во принт и во дигитално издание.
Покрај тоа, фотографиите се изложени во повеќе наврати во повеќе земји.