АНКАРА (АА) – Започна одбројувањето до почетокот на „Istanbul Photo Awards 2017“, меѓународниот натпревар во новинарска фотографија, кој по третпат ќе се организира од страна на Anadolu Agency (АА).
Жири-комисијата на натпреварот, која ја сочинуваат познати светски имиња од областа на фотографијата, ќе се собере во Кападокија со цел да се утврди победникот на натпреварот.
Овој натпревар спонзориран од страна на „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), не е само натпревар за фотографија, туку истовремено прерасна во настан од областа фотографија којшто ја промовира Турција. Поради тоа, беше донесена одлука средбата на жири-комисијата на „Istanbul Photo Awards 2017“ да се одржи во Кападокија, која е една од најпознатите природни убавини во светот.
Меѓу 19 и 21 март, жири-комисијата ќе ги утврди победниците од натпреварот во категориите како новинарска фотографија, спорт, портрет, природа/околина, како и „награда за фоторепортери помлади од 28 години“.
- Работилници, конференција и изложба
По објавувањето на резултатите, вкупно 16 лица, млади фоторепортери на Anadolu Agency и фоторепортери во национални медиуми, како и студенти од одделот за фотографија на Универзитетот за современа уметност „Мимар Синан“ ќе учествуваат во работилницата за новинарска фотографија, што ќе се одржи на 24-25 март.
Во рамките на настанот, в недела, 26 март, во 14:00 часот ќе се одржи и Istanbul Photo Awards Talks, каде што ќе учествуваат Јури Козирев и Стенли Грин. Грин, од агенцијата за фотографија НООР, како и Козирев, кој е член на жири-комисијата на 'Istanbul Photo Awards 2017', ќе ги споделат своите искуства со учесниците во активностите што ќе се одвиваат во аудиториумот „Седад Хакки Елдем“, на Универзитетот за современа уметност „Мимар Синан“, со поддршка на универзитетот.
Првата изложба на наградените фотографии од Istanbul Photo Awards ќе биде отворена на 2 април, во Истанбул.
- Жирито е составено од познати имиња
Меѓународното жири на натпреварот се состои од познати имиња во областа на новинарската фотографија. Дел од жирито во 2017 година се уредничката на дигиталниот сектор на списанието „Париз меч“, Марион Мертенс, познатиот фотограф на Аенцијата „Хуп“, Јури Козирев, фоторопортерот на „Гети имиџис“ во областа спорт, Камерон Спенсер.
Мертенс од 1998 година работи во списанието „Париз меч“. Таа претходно, 15 години беше заменик-уредник на вестите во списанието. Кариерата ја започна во „Гама прес имиџис“, а потоа во „Ле фигаро“, „Експрес“ и „ВСД“, пред да започне во „Париз меч“.
Исто така, и оваа година еден од најуспешните спортски репортери на „Гети имиџис“, Камерон Спенсер ќе биде член на жири-комисијата на „Istanbul Photo Awards 2017“. Спенсер од 2004 година досега работи како професионалец на полето на спортска фотографија, како и на портрет-фотографија. Значајни ќе бидат коментарите на овој познат фотограф при квалификациите во категориите за единечна фотографија и за сериски фотографии од областа спорт.
Познатата кураторка за мултимедијални проекти, Лиза Фактор, АФП директорот за дистрибуција на фотографии и развој на бизнисот, Мајкл Ското, директорот на шангајскиот центар за фотографија, добитник на Пулицерова награда, фоторепортерот Ли Хеунг Шинг, фоторепортерот и консултант за визуелни медиуми, Жорж де Керле, главниот и одговорен уредник за визуелни вести на АА, Ахмет Сел и уредникот на фотографија на АА, Фират Јурдакул се останатите членови на жири-комисијата на овогодишниот натпревар.
- Аплицираат најдобрите новинарски фотографи на светот
Фотографијата „Плачот за помош на сириските деца“, создадена од страна на Абд Думани, минатата година ја освои наградата „Фотографија на годината“ на меѓународниот натпревар за новинска фотографија „Istanbul Photo Awards“.
Фотографијата „Бегалци“ на Сергеј Пономарев од весникот „Њујорк тајмс“ го освои првото место во категоријата за единечна фотографија, а подоцна ја освои и Пулицеровата награда.
Претходната година, добитник на наградата „Фотографија на годината“ беше фотографијата на Даниел Берехулак, создадена во Либерија, при епидемијата на ебола. По добивањето на наградата на „Istanbul Photo Awards 2015“, организиран од страна на АА, Берехулак подоцна ја освои и Пулицеровата награда.