Orhan Onur Gemici
28 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган учествуваше во избор за фотографија на годината на Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател својот глас го даде за фотографиите во категориите „вести", „општество" и „спорт".
Информации за фотографиите ги доби од др. Фахретин Алтун, шеф на Кабинетот на турскиот претседател за односи со јавноста, а потоа во категоријата „вести" ја избра фотографијата од ифтар на турските војници недалеку од границата со Ирак, на авторот Озкан Билгин.
Во категоријата „општество" ја избра фотографијата „Дедото Али и неговото маче" која е дело на Илхами Четин.
Претседателот на Турција во категоријата „спорт" ја избра фотографијата на турските ѕвезди во карате, на авторот Бурак Акбулут.
Во тек е гласањето за избор на најдобра фотографија на фоторепортерите на АА за 2018 година. И оваа година ќе бидат избрани фотоградии на годината во три категории.
Најдобрите фотографии во категориите „вести", „општество" и „спорт" ќе бидат избрани помеѓу 50 оние кои влегоа во потесен избор од повеќе од 700.000 фотографии.
Станува збор за фотографии кои репортерите на АА ги снимаа во Турција, Сирија, Палестина, Русија, Германија, Шпанија и на други места ширум светот.
Во категоријата „вести" во најтесен избор учествуваат 18 фотографии, во категоријата „општество" 15 и во категоријата „спорт" 17 фотографии. Фотографиите кои се наоѓаат во конкуренција за најдобра фотографија од почеток на месецот се отворени за гласање со превод на турски и англиски јазик.
Гласањето е отворено до 31 декември, а може да се учествува преку интернет страницата www.aa.com.tr.