Fatih Hafız Mehmet
28 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул порача дека „работата на Турција во Сирија се завршува кога сите терористички организации ќе ја напуштат таа земја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган повтори дека Турција се противи на поделба на Сирија.
Говорејќи за ситуацијата во Мунбич, на северот на Сирија, за кој режимските сили тврдат дека влегле откако на тоа ги повикале таканаречените раководители на терористичката организација ЈПГ, Ердоган рече дека повеќе се работи за своевидна „психолошка акција“.
Ердоган рече дека делегацијата на Турција предводена од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре ќе престојува во Москва, каде што ќе се водат разговори за Сирија.
Тој најави нови разговори за Сирија и со рускиот претседател Владимир Путин.
Во врска со одлуката на Врховниот суд на Пакистан со која ФЕТО во оваа земја е прогласена за терористичка организација, а училиштата поврзани со таа терористичка мрежа се ставени под надлежност на Фондацијата „Маариф“, Ердоган рече дека слични чекори би можеле да се случат и во други земји.