Ekipa
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународното жири на меѓународниот натпревар за фото-вест "Istanbul Photo Awards", организиран по втор пат од страна на Anadolu Agency (АА) и чиј официјален спонзор е Turkish Airlines (THY) се состанаа во Истанбул за да ги изберат фотографиите кои ќе бидат наградени.
Членовите на жирито кои се од сите страни на светот, викендот го поминаа со интензивна работа за да ги определат победниците од фотографиите кои аплицирале на натпреварот.
Во категориите на вестите од спортот анализирани се поединечни фотографии и галерија на фотографии и во сите категории се избрани по три најдобри.Од целиот свет за натпреварување се пријавени околу 13.000 фотографии.
Вкупниот награден фонд на Istanbul Photo Awards изнесува 58.000 долари. Најдобрите во сите категории ќе добијат по 8.000 долари, второпласираните 3.000 долари, а третпопласираните по 1.500 долари. Победникот во изборот за најдобра фотографија на годината ќе добие парична награда од 8.000 долари.
Членовите на минатогодишниот "Istanbul Photo Awards" беа директорот на Центарот за фоографии Шангај и добитник на Пулицеровата награда Лиу Хеунг Шинг, управителот на Getty Images,Џорџ Де Керле , Директорот на AFP за фото дистрибуција и деловен развој, Michel Scotto, добитник на наградата World Press Photo, Жулием Хербаут, Галвниот уредник на АА за Визуелни вести Ахмет Сел и Уредникот на фотографии на АА Фират Јурдакул, додека оваа година беа додадени нови имиња кои се познати во светот на фотографијата.
Лорент Ван дер Сток, светски познат фоторепортер кој последните 25 години речиси сите војни и конфликти во светот ги следел на лице место, уредникот на фотографии на Newsweek, James Wellford, кој во 2013 година од страна на Националната асоцијација на фоторепортери на САД бил избран за „Уредник на годината за фотографии" , директорот на фотографии на весникот Le Monde, Николас Хименес и Добитник на Пулицеровата награда и истовремено сопственикот на наградата „Istanbul Photo Awards 2015 - Фотографија на годината„ , Даниел Берехулак се меѓу членовите на жирито на "Istanbul Photo Awards 2016".
На крајот на интензивното работење, членовите на жирито ги определија сопствениците на наградата „Фотографија на годината 2016„ ("Photo of the Year 2016"), и исто така и добитниците на наградите од категориите „еднина вест" , „сериски вест" , „еднина спорт" , „серија вест".
Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени утре на самиот веб сајт на натпреварот (http://istanbulphotoawards.com/), на веб сајтот на Anadolu Agency (AA), на веб сајтот на меѓународната платформа на Anadolu Agency (AA) за фотографии "Anadolu Images". Исто така со билтен за медиумите ќе бидат објавени резултатите во светот.
- Istanbul Photo Awards, најдобар начин да се претстават настаните во регионот во кој се наоѓаме
Претседателот на жирито и фотограферот добитник на Пулицеровата награда Лиу Хеунг Шинг , кој одговараше на прашањата на новинарот на АА во врска со неговата работна програма во Истанбул, рече дека е пресреќен што учествува во натпреварот по втор пат и дека е многу задоволен што оваа година учествува како претседател на жирито.
Управителот на Getty Images, кажувајќи дека ја сака Турција и Истанбул, рече:
"Istanbul Photo Awards е најдобра алатка за претставување на настаните во регионот во кој се наоѓаме. Мислам дека овој натпревар ќе биде долгорочен натпревар".
Даниел Берехулак, кој што минатата година после кратко време откако ја доби наградата „фотографија на годината" , ја доби Пулицеровата награда со истата фотографија истакна дека е голема чест да биде дел од овој настан.
“Голема чест ми е што сум тука. Ви се заблогодарувам за тоа што минатата година ја испочитувавте мојата работата и мене. Да се биде тука и да се гледаат фотографиите од цел свет и да се гледат приказните на важните вести, навистина е фасцинантен процес, да се придонесе кон процесот на донесување на одлука за најмоќната фотографија на минатата година. Како што разбрав минатата година имаше многу учесници. И ова година има прекрасни фотографии од целиот свет", рече Берехулак.
Членовите на жирито нивната интензивна работа ја завршија со туристичка прошетка во Истанбул.
- Ќе се објави фото албумот на "Istanbul Photo Awards 2016"
Anadolu Agency (АА) ќе го објави фото албумот "Istanbul Photo Awards 2016" кој содржи фотографии кои што биле дел од финалето и победиле, избрани од страна на членовите на жирито формирано од страна на професионалци од светот на фотографии на вести. Потоа, албумот ќе биде претставен на изложби кои ќе се отварат низ годината во различни центри.
Австралискиот фотографер Даниел Берехулак во натпреварот од минатата година ја доби наградата „Фотографија на годината" со драматичната фотографија во врска со епидемијата на ебола во Либерија. Фотографијата на Берехулак после Istanbul Photo Awards исто така беше добитник на Пулицеровата награда која што се смета како најважна награда на светските медиуми.