Muhammed Enes Can,Murat Kaya
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските истражни органи открија нов систем на шифрирана комуникација меѓу припадниците на терористичката организација ФЕТО, а се работи за криптографски систем под назив „2048 Fun and Relaxing Puzzle Game“, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за борба против тероризмот и организиран криминал при Обвинителството во Истанбул ја продоллжи истрагата против структурата на ФЕТО.
Кај припадникот на ФЕТО, E.K., кој го користел кодното име Енгин, пронајдени се значајни количини документи и дигитален материјал.
По деталниот преглед на запленетиот материјал, утврдено е дека припадниците на терористичката организација користеле уште еден криптографски систем за комуникација, сличен на апликацијата БајЛок (ByLock).
Обвинителството утврди дека припадниците на организацијата ја користеле апликацијата „2048 Fun and Relaxing Puzzle Game“, која може да се сочува на телефоните со оперативните системи IOS и Android, а се прикажува како игра.
E.K., до моментот на апсењето, бил вработен како професор во државно учулиште, а истовремено бил корисник и на апликацијата БајЛок.