Hakan Çopur
13 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, соопшти дека не е донесена одредена конечна одлука околу Сирија, на состанокот на Советот за национална безбедност (NSC) предводен од страна на американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
По состанокот, во изјава за медиумите, Сандерс нагласи дека Трамп и членовите на Советот за национална безбедност се состанале со цел да дискутираат за прашањата поврзани со Сирија.
„Претседателот (Трамп) само што го заврши состанокот со членовите на Советот за национална безбедност во врска со последната состојба во Сирија. Не е донесена одредена конечна одлука. Продолжуваме да ги процениме разунавачките извештаи. Ги продолжуваме разговорите со нашите сојузници и партнери. Претседателот (Трамп) вечер ќе разговара со францускиот претседател Макрон и британската премиерка Тереза Меј“, истакна Сандерс.
- Телефонски разговор со Макрон и Меј -
Откако не беше донесена одредена конечна одлука на состанокот на Советот за национална безбедност, очите се насочени кон најавените телефонски разговори на Трамп со Макрон и Меј.
„Денес ќе имаме одредени состаноци околу Сирија. Ќе видиме што ќе се случи. Внимателно ја следиме ситуацијата“, истакна Трамп во неговата последна изјава околу тоа на кој начин ќе одговорат против користењето на хемиско оружје од страна на Асадовиот режим во Сирија.
„Никагаш не истакнав кога ќе се случи одреден напад во Сирија. Може да биде наскоро, или пак не е толку наскоро. Што и да е, САД, под мое управување, направи добра работа околу ослободување на регионот од ДЕАШ. Каде е благодарноста за Америка?“, напиша Трамп изутрина на Твитер.