Betül Yürük
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН), Василиј Небензја, во врска со можната воена интервенција на Соединетите Американски Држави (САД) во Сирија, истакна дека се исклучително загрижени поради зголемената опасна тензија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надеваме дека нема да достигне до точка од која нема враќање и дека САД и нејзините сојузници ќе избегнат извршување воена интервенција врз една суверена држава. Во оваа ситуација, нашиот итен приоритет е спречување на воената закана“, рече Небензја.
Тој даде изјава за медиумите по затворената седница на Советот за безбедност на ОН околу зголемените тензии поради можната воена интервенција на САД во Сирија, која се одржа на барање на Боливија како привремена земја-членка на овој Совет.
Небензја рече дека агресивните политики на некои доминантни земји во Советот за безбедност на ОН претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност, и како и дека подготовките кои ги прават овие земји го прекршуваат договорот на ОН.
„Исклучително сме загрижени од зголемената опасна тензичност. Се надеваме дека нема да достигне до точка од која нема враќање, се надеваме дека САД и нејзините сојузници ќе избегнат извршување на воена интервенција врз една суверена држава (Сирија). Јасно објаснивме дека ситуацијата е многу опасна“, додаде тој.
Небензја се осврна и на нацрт-резолуцијата на Шведска, која е привремена земја-членка на Советот за безбедност на ОН, со која се бара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да испрати тим во Сирија за спроведување истрага околу нападот со хемиско оружје.
„Ова не е наш приоритет. Во оваа ситуација, нашиот итен приоритет е спречување на воена закана“, рече тој.