Islam Doğru
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во САД последните 24 часа беше причина за смртта на 256 лица, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 122.259, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжуваат да се епицентар на пандемијата во светот со најголем број на смртни случаи и заразени.
Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите во врска со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, во САД последните 24 часа се детектирани 25.650 лица позитини на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна бројка од 2.357.323.
Во последното деноноќие од Ковид-19 во САД починаа 256 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 122.259.
Според бројот на заразени лица на светоско ниво, по САД следат Бразил со 1.086.990 позитини на Ковид-19, Русија со 592.280 и Индија со 427.046.
И покрај намалувањето на бројот на починати на дневно ниво, Сојузната држава Њујорк продолжува да е најпогодено подрачје од пандемијата на коронавирусот во САД.
Досега во Њујорк 411.264 лица биле позитивни на Ковид-19, од кои 31.215 лица ги загубија животите.
По Њујорк следи Калиформија со 178 илјади лица заразени со коронавирусот и Њу Џерси со 172 илјади.
Досега во САД се извршени 28.505.000 тестови, а од заразеност со коронавирусот оздравеа 980 илјади заболени.