Andelija Stojkovic
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во последните 24 часа откриени се уште 96 нови случаи на коронавирусот, од 5.438 тестирани, а едно лице почина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува на официјалната веб-страница „covid19.rs“, во земјата моментално се активни 731 случај, а 19 лица се на респиратор.
Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на епидемијата во Србија е 262, а процентот на смртност е 2,02 отсто.
Вкупно регистирани се 12.990 случаи на коронавирусот, а тестирани се 345.260 лица.