Safvan Allahverdi
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе донираат 200 респиратори на Русија за борба против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот државен секретар на својот профил на Твитер се осврна на медицинската помош што САД ја донира за Русија.
Наведувајќи дека САД се светски лидер во донации и помош во борбата против епидемијата, Помпео рече дека САД планираат да испратат 15.000 респиратори во 60 земји.
„САД ќе донираат 200 респиратори за Русија, изработени во Америка“, нагласи Помпео.
Минатиот месец Русија испрати медицинска опрема во САД со воен карго-авион од типот „AN-124“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се заблагодарил за поддршката, но американската страна изјавила дека медицинската помош не била донирана туку купена според договор.