Agim Sulaj
02 Декември 2020•Ажурирано: 02 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 14 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.040, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 555 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 40.672.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.340 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 146.703 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 25.910 лица. Моментално има 13.722 активни случаи.