Admir Fazlagic
02 Декември 2020•Ажурирано: 03 Декември 2020
СКОПЈЕ
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди попладневно Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на осум километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри, но потоа објави корекција со информација дека земјотресот, кој во 13 часот и 9 минути го стресе Скопје бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Според информациите, потресот е со епицентар девет километри источно од Скопје.
По земјотресот се почувствува и афтершок.
Исто така, на 11 ноември, во Северна Македонија беа почувствувани неколку земјотреси со различен интензитет, меѓу кои и земјотрес со јачина од околу 5 степени, со епицентар близина на Гостивар. Граѓаните не пријавија повреди или материјална штета предизвикана од земјотресот.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе регионот на централна Грција.