Zylfije Adem Jakupi
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се регистрирани 14 нови случаи на коронавирусот, додека тројца пациенти се излекувани, пенесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија тестирани се 208 сомнителни примероци земени од Клиниката за инфективни болести и од терен, од кои 14 се позитивни на коронавирусот Ковид-19.
Позитивните случаи се случаи на контакти. Во изминатите 24 часа регистрирани се 3 излекувани пациенти.
Од 8 февруари до денес тестирани се вкупно 12.406 сомнителни примероци, а вкупниот број позитивни примероци изнесува 1.003, со 772 излечени и 29 смртни случаи.