Admir Fazlagic
02 Декември 2020•Ажурирано: 03 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се починати 33 лица од последици на заразување со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 1.815, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 946 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 63.890.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 40.977.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.088.
Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид-19, од кои 2.564 тестирања во последните 24 часа.