свет

Терористички напад во сириски Ал Баб: Загинаа 5 цивили, 18 повредени

- Бомбата што е детонирана била поставена во возило во центарот на областа Ал Баб, која е исчистена од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“

Ömer Koparan, Ethem Emre Özcan  | 24.11.2020 - Обновена : 25.11.2020
Терористички напад во сириски Ал Баб: Загинаа 5 цивили, 18 повредени Фото: Hişam el Homsi/AA

АЛ БАБ

Пет цивили ги загубија животите, додека 18 цивили се повредени при експлозија на автомобил бомба во областа Ал Баб во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бомбата што е детонирана била поставена во возило во центарот на областа Ал Баб, која е исчистена од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“.

Според првите проценки, во терористичкиот бомбашки напад 5 цивили го загубиле животот, а 18 се повредени.

Пожарникарите што пристигнале на местото на настанот интервенираат за да се изгасне пожарот, а ранетите лица се пренесени во болниците во Ал Баб.

Постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.

По експлозијата, настаната е голема материјална штета, а голем број возила не се во употреблива состојба.

Локалните безбедносни сили, кои спроведуваат истрага на местото на настанот, ја потенцираат можноста нападот да го извршила терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под окупација ги држи регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички напади во регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.