свет, Коронавирус

Развој на пандемијата на Ковид-19 во Индија, Кина и Јужна Кореја

Во Кина коронавирусот е под контрола, додека во Јужна Кореја е забележан раст на новозаразените на дневно ниво и повторно бројката е над 300

Büşra Selvi Öğütcen  | 24.11.2020 - Обновена : 24.11.2020
Развој на пандемијата на Ковид-19 во Индија, Кина и Јужна Кореја

АНКАРА (АА) - Во Индија, која е една од земјите најмногу погодени од пандемијата на Ковид-19, продолжува да се намалува бројката на заразени и на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во Кина коронавирусот е под контрола, додека во Јужна Кореја е забележан раст на новозаразените на дневно ниво и повторно бројката е над 300, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале уште 480 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 134.218.

Во Индија, земја со над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 37.975 новозаразени, вкупно 9.177.840 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 8.604.955 заразени.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на заразени, а трета според бројката на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

- Кина -

Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на основниот континентален дел на Кина детектирани се 22 нови случаи на зараза со Ковид-19, од кои 20 потекнуваат од лица дојдени од странство.

Кина, со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа не објави бројка на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа земја изнесува 86.464.

Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина починаа 4.634 заразени, а оздравеа 81.508 пациенти носители на коронавирусот.

- Јужна Кореја -

Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја објави дека во последните 24 часа во земјата се детектирани 349 случаи на Ковид-19.

Вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 31.353, а оздравеа 26.722 лица претходно заразени со коронавирусот.

Во Јужна Кореја во последните 24 часа почина едно лице, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 510.

Од 8 ноември, бројката на новозаразени во земјата е трицифрена. Од 18 до 22 ноември бројката на новозаразени беше над 300, додека вчера падна под 300 лица позитивни на Ковид-19 на дневно ниво.

- Се зголемува бројката на новозаразени кај луѓето на возраст под 40 години -

Канг До-тае, вториот заменик на министерот за здравство, на состанокот за борба против Ковид-19, на кој учествуваа високи претставници од здравството, соопшти дека е забележан раст на случаи со коронавирусот кај лицата на возраст под 40 години.

Канг соопшти дека поголемиот дел од луѓето на оваа возраст не покажуваат симптоми на Ковид-19 и затоа продолжуваат со нивниот секојдневен живот.

Посочувајќи дека активностите во рамките на борбата против вирусот се прекинати поради студеното време, Канг истакна дека луѓето треба да избегнуваат близок контакт, со цел да се спречи проширување на пандемијата низ целата земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.