свет, Коронавирус

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 483 лица

Од почетокот на епидемијата во земјата излекувани се вкупно 610.406 пациенти, додека 5.824 лица се во критична состојба

Muhammet Kurşun  | 24.11.2020 - Обновена : 24.11.2020
Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 483 лица

ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран во последните 24 часа потврдени се уште 483 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со што бројот на починати во земјата е зголемен на 25.738, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството, Сима Садат Лари, соопшти дека во изминатите 24 часа дијагностицирани се 13.721 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на досега откриени случаи на 880.542.

Лари, исто така, додаде дека во земјата од Ковид-19 починале 25.738 лица.

Таа додаде дека од почетокот на епидемијата во земјата излекувани се вкупно 610.406 пациенти, додека 5.824 лица се во критична состојба.

Лари предупреди дека сите покраини во земјата се класифицирани како црвени зони со висок ризик на трансмисија на коронавирусот и дека во земјата досега се направени 5.871.098 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın