свет, Коронавирус

СЗО: Пријавени неколку случаи со варијантата на коронавирусот BA.2.86 во неколку држави

Во моментов СЗО следи три варијанти на КОВИД-19 што мора да бидат под надзор, како и седум варијанти на коронавирусот што се на опсервација

Muhammet İkbal Arslan  | 18.08.2023 - Обновена : 21.08.2023
СЗО: Пријавени неколку случаи со варијантата на коронавирусот BA.2.86 во неколку држави

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) го ажурира статусот за BA.2.86, варијанта на коронавирусот, како „варијанта под надзор“ поради големиот број мутации, јавува Анадолу.

СЗО го објави најновото соопштение за BA.2.86 варијантата на КОВИД-19.

„Досега се пријавени само неколку случаи на оваа варијанта во неколку држави“, се наведува во соопштението.

Се додава дека се потребни повеќе податоци за да се разберат подобро оваа варијанта и степенот на нејзиното ширење. Во соопштението се истакнува дека варијантата BA.2.86 има голем број мутации.

Во моментов СЗО следи три варијанти на КОВИД-19 што мора да бидат под надзор, како и седум варијанти на коронавирусот што се на опсервација.

Во соопштението се нагласува дека КОВИД-19 сè уште се шири и мутира, поради што е повторен апелот на СЗО до земјите за подобро следење и известување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.